Лев банер Десен банер

Прво па машко, првото новороденче во Струга во Новата 2017 година е машко

Првото новороденче во 2017 година во струшката болница е момче.

babe
Бебето, како што информираат од Болницата, родено е во 7 часот и 25 минути со царски рез. Тешко е 3.680 грама и е прво дете на стружанката Нермина Бајрамоска – Рустемоска.
Новогодишната ноќ во Струга поминала без инциденти. Брзата помош немала никакви интервенции, а немало нарушување ни на јавниот ред и мир.

– Мирна и безбедна беше новогодишната ноќ во Струга. Во градот и околните населени места не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, немаше сообраќајна незгода, ниту друг безбедносен настан, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

error: