Психолошка драма „No Exit“ денеска во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга

„No Exit“ од Жан-Пол Сартр е психолошка драма на аспсурдот, типична за егзистенцијализмот.
Во фокус се тројца ликови—Гарсeн, Инес и Естелa—тие се во ограничен простор.
Во тој простор, „зад затворени врати“ ги внесува слугата.
Со нашето музичко- кореографско решение создадовме драмско дело, во кое пронајдовме начин да се нагласи идејата дека нашата самоперцепција, за жал, често е обликувана според мислењето на другите околу нас.
Иако напишан пред 80 години, текстот е и денес актуелен, затоа што психологијата на човекот не е променета. Иако сме сведоци на развој на технологии, ние сепак, како и пред 2000 години, исто ги доживуваме чувствата, љубиме исто, мразиме исто, се плашиме исто…
„Што било, пак ќе биде, и се што се правело пак ќе се прави и нема ништо ново под сонцето“.
Играат:
Слуга: Нина Неделковска, Гарсен: Иван Делиманов,Инес: Милена Блажеска, Естела: Јована Гаврилоска.
Претставата се игра денеска со почеток во 20 часот.
Влезници се по цена од 200 денари, ќе можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата како и во кафе бар Пливалиште, Кингстон и Дуќан.
Местата се со ограничен број, резервијате навреме на 078418180
StrugaOnline
Facebook Коментари