Пуштен во употреба нов детски парк во Вевчани

- Локални
286

Нов детски парк добија најмладите во Вевчани реализиран како инвестиција на Владата на Република Северна Македонија од два ипол милиони денари, средства обезбедени преку првиот повик од Унгарскиот кредит.

Детскиот парк, вели Кочовски, е на барање на најмладите жители на Вевчани и истиот се протега на површина од 200 метри квадратни, направено според сите стандарди, со гумена подлога, нишалки, лизгалки и други детски реквизити.

-Посебно задоволство ни причинува тоа што изреализиравме едно огромно барање на најмладите жители. Детскиот парк, ќе биде ново катче во кое најмладите вевчанци ќе го минуваат слободното време, истакна Кочовски.

Со средства од првиот повик од Унгарскиот кредит, вели Кочовски, во Вевчани се реализирани три проекти во висина од 320.000 евра. Покрај изградбата на детскиот парк реконструирани се улица и крак од канализациската мрежа. Во рамките на вториот повик, Општината аплицирала со пет проекти за реконструкција на локални улици.

StrugaOnline

Facebook Коментари