Работен состанок за превенција и заштита од пожари на отворен простор одржа СВР Охрид со месното население од неколку охридски села

- Локални
402

Превенција и заштита од пожари на отворен простор, беше тема на работниот состанок што вчера (07.04.2024 година), СВР Охрид го одржа со месното население на селата: Велестово, Рача, Шипокно, Горно Коњско, Долно Коњско, Елшани и Пештани.

-Целта на оваа средба е дефинирање на превентивни и други мерки кои се клучни за поефикасно следење на состојбите во шумските појаси, пасиштата и другите површини на отворен простор, донесување конкретни мерки за навремено информирање и преземање брзи реакции за спречување и заштита при евентуална појава на пожари.-информираат од СВР Охрид.

Инаку, по неколкуте случени пожари на отворен простор на подрачјето што го покрива, СВР Охрид отпочна со поинтензивни активности и контроли со цел поголема заштита на регионот од појава на пожари.

Оттаму апелираат граѓаните да избегнуваат палење оган во шумските предели, на стрништа, на плевел, отпадоци и на секој друг отворен простор и потсетуваат  дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание, претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни кривични пријави и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари