Работилница „Никола Тесла: неговиот живот, пронајдоци и наследство“ вечерва во Охрид

- Локални
282
По повод 168 годишнината од раѓањето на големиот визионер и научник, Никола Тесла, Црвен крст Охрид во партнерство и соработка со организацијата Canadians For Children At Health Risk, од Торонто, Канада организира инспиративна, едукативна, онлајн работилница на тема ,,Младите и науката“, а со наслов „Никола Тесла: неговиот живот, пронајдоци и наследство“.
-Домаќини на оваа работилница, која ќе се одржи вечерва со почеток во 20:30 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, ќе бидат младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, а добредојдени се сите оние кои сакаат да дознаат нови, интересни детали од животот и работата на Никола Тесла-велат од охридскиот Црвен Крст.
Работилницата на англиски и српски јазик, ќе ја води пензионираниот универзитетски професор Др. Мајда Ѓорѓевиќ, од Образовната корпорција „Никола Тесла“, Хамилтон Онтарио, Канада.
Работилницата онлајн ќе ја следат и млади од организации на Црвен крст од регионот, со кој соработува Црвен крст Охрид.
Strugaonline

Facebook Коментари