Утре во хотел „Дрим“ во Струга ќе се одржи работилница за зелена економија и социјално претприемништво.
Целта на оваа обука е поттикнување на нови иновативни идеи во претприемништвото, предвидена за Струга, во рамки на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“. Проектот е финансиран од Европската Унија и наменет е за девојки и жени претприемачки (постоечки и потенцијални), на возраст над 18 години.
За повеќе информации или доколку сте заинтересирани, пријавете се на следниот е-маил: [email protected].
Местата се ограничени.
Обуката ќе се одржува во период од 9:00 до 17:00 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари