Работна средба на градоначалниците на Струга, Охрид и Поградец, во план се нови проекти

- Локални
562
 Развојот на туризмот, зачувувањето на животната средина и светското природно наследство се заеднички интереси на трите крајбрежни општини на Охридското Езеро.
За таа цел  беше одржан состанок меѓу градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски и градоначалникот на Поградец, Република Албанија, Илир Џаколи.
,,Се разговараше за воспоставување на поголема меѓусебна соработка и креирање на заеднички проекти со кои ќе може да се аплицира на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Републила Северна Македонија и Албанија во рамките на ИПА III програмата на ЕУ, за период од 2021 до 2027 година.“-соопштуваат од Општина Струга.
Од таму додаваат дека редовната комуникација и залагањето за заедничките интереси на граѓаните продолжува понатаму.
Strugaonline

Facebook Коментари