Рамис Мерко доби нов мандат за градоначалник на Струга

Рамис Мерко од редовите на ДУИ доби нов мандат за градоначалник на Струга. Според резултатите што ги објави Државната изборна комисија Мерко освои 13. 736 гласови, (52,07%), а неговиот против-кандидат Идри Истрефи од Алијанска за Албанците и Алтернатива освои 11.711 гласови ( 44,31%).
Излезноста во вториот круг од локалните избори во Струга изнесува 43,02%

