Распишан конкурс за фестивалот „Охрид фест-Охридски трубадури 2025“

- Локални
206

Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест-Охридски трубадури“ распиша конкурс за нови композиции, што ќе бидат изведени на 32. издание на фестивалот, што ќе се одржи на 29-ти и 30-ти август 2025 година во Охрид.

И годинава фестивалот дава голема подршка на дебитантите, охрабрувајќи ги да настапат на 32-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, и во Фолк и во Интернационалната вечер.

Ова е извонредна шанса за промоција на дебитантите, бидејќи „Охрид фест“ го следат повеќе од 15 телевизии од Балканот што е извонредна можност за нивното промовирање.
На истата сцена, во 1998 година Тоше Проески ја испеа „Усни на усни“ и го започна својот блескав музички пат.

На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите а конкурсот е отворен до 1. јуни годинава. Песните се испраќаат на адресата: [email protected].

Strugaonline

Facebook Коментари