Распишан конкурсот за најдобар расказ по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“

- Локални, Македонија
191

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид распиша Конкурс за најдобар расказ.

Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, а трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ.

Авторското право се докажува со четвртиот примерок, додека краен рок за доставување на трудовите е 31 јули. Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 8 август. Доставените трудови не се враќаат.

-Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти, информираат од Општина Охрид.

Facebook Коментари