Лев банер Десен банер

Распишан конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“

Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“ – Охрид, го распиша конкурсот за наградата „Тоде“ за најдобра песна за деца.

Право на учество на конкурсот имаат сите домашни автори кои заклучно со 30.12.2026 година ќе испратат своја необјавена песна на електронската пошта nagradatode@gmail.com. Изборот на трите песни кои ќе бидат наградени, и тоа прво место со 9000 денари, второ со 6000 и трето со 3000 денари, ги избира стручното жири чии членови ќе останат анонимни до истекување на конкурсот, информираат од Здружението.

Добитниците на наградите ќе бидат објавени на настанот посветен на Тоде Илиевски, кој ќе се одржи на 7 март 2026 година во Охрид, додека наградените песни и песните што ќе влезат во потесниот избор ќе бидат објавени во електронското списание за книжевност и друга уметност „(е)Лит“.

Повеќе детали во врска со конкурсот можат да се прочитаат на фејсбук страницата на „Креативна верига“, а конкурсот е достапен на линкот.

StrugaOnline

error: