Лев банер Десен банер

Распоред на Богослужби за Божикното празнување во црквата Свети Георгиј во Струга

Утре започнуваат Богослужбите за Божикното празнување во црквата Свети Георгиј во Струга. Во недела (5-ти јануари) на празникот Свети Наум Охридски, во 07:00 ќе започне Утрена Богослужба, а еден час подоцна ќе следува Божествена литургија. Утрото во понеделник, на Бадник , во 05 и 30 часот Утрена со Царски Часови, а потоа ќе следува Божествена литургија. Во 10 и 30 часот Бадниковата поворка ќе тргне од храмот, а во 15:00 часот ќе се одржи Вечерна Божикна Богослужба. Во вторник, 7-ми јануари, по повод Рожденството Христово Божик, во 07:00 часот ќе се одржи Утрена Богослужба, а еден час подоцна Света Божествена Литургија. Причестувањето ќе се врши од 09:00  до 10 :00 часот.

Во среда, 8-ми јануари, втор ден Божик Богослужбата ќе започне во 07:00 часот, а во 08:00 часот ќе има Божикна Литургија. Во четврток, 9-ти јануари, се празнува трет ден Божик и празникот Свети Стефан. По тој повод, во 08:30 часот, во храмот ќе биде дочекан Архиерејот. Петнаесет минути подоцна ќе започне Света Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј.

Strugaonline

error: