Расте интересот за стручно образование во Струга

- Локални
813

Интересот за стручно образование во струшките средни училишта секој година е се поголем, потврди  директорката на средното општинско училиште „Нико Нестор“, Кети Јанкоска.

На осумте струки на македонски јазик се запишале 140 ученици, а на девет струки на албански јазик биле примени 143 ученици.

– Најголем интересн има за архитектонски техничар на македонски јазик и хемиски лабараториски техничар на албански јазик, истакна Јанкоска.

Карактеристично, според директорката, е што во ова училиште одлично функционираат три дуални паралелки

– Резултатите од дуалното образование се одлични. Имаме добра соработката со компаниите во Струга каде учениците преку практична настава учат и се надградуват, вели Јанкоска, додавајќи дека годинава завршува првата генерација прехранбен техничар дуална паралелка.

Во Државното средно музичко училиште „Тодор Скалоски – Тетоец“ во првиот уписен рок, како што информира раководителот Димитри Кумбароски се пријавиле 15 ученици.

– Годинава имаме пет ученици повеќе од лани и местата се пополнети. Ние сме дисперзирана паралелка, односно заедно со  паралелката во Тетово треба да имаме вкупно 28 ученици, така што, бројката е исполнета. Уште неколку места се останати само во теоретскиот оддел. Ова се податоци за македонската паралелка, а за албанската е пријавен само еден ученик, изјави Кумбароски.

Во гимназијата „Ибрахим Темо“ пак, како што посочи директорката Бесиме Јонузи, се запишале 117 ученици, што, како што појасни споредбено со лани, бројот е намален за 53 ученици. Намалениот број на пријавени ученици го препишува на фактот дека деветтолетка годинава завршиле 480 ученици, што е за 50 до 60 помалку од минатата.

– Во првиот уписен рок се пријавија 36 ученици од македонска националност, 69 од албанска и 12 од турска. Минатата година во нашата гимназија се запишаа околу 170 ученици, но генерацијата што сега заврши деветто одделение брои помалку ученици, па затоа има разлика во бројките, истакна Јонузи.

Strugaonline

Facebook Коментари