РЦУК – Охрид со известување за добиена пријава за повреден планинар во близина на Општина Кичево

- Локални
186

РЦУК – Охрид, известува дека преку Единствениот број за итни повици 112 вчера во 14:12 часот, добиена е пријава за повреден планинар со скршеници на ногата, локација над с. Лавчани поточно на местото викано Два Камења, Општина Кичево.

Лицето се наоѓало на непристапен терен. Поради непристапноста на теренот и неможноста за пристап на моторно возило, повреденото лице беше превземено и пренесено од локалното население со коњ до селото Лавчани, каде што Итна медицинска помош и ПС – Кичево го превземаа повреденото лице и го пренесоа до специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо – Охрид.

Извор: ЦУК, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари