Лев банер Десен банер

Реализирана превентивна активност на граничниот премин Ќафасан под мотото – „Превенција за заштита од топлотен удар“

Во рамки на реализацијата на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, Полициската станица за гранични проверки Ќафасан при Регионалниот центар за гранични работи Запад, во текот на вчерашниот ден реализираше превентивна активност под мотото – „Превенција за заштита од топлотен удар“.

Од страна на полициските службеници покрај практичните сугестии до возачите и патниците за задолжителна внимателност и одмор, беше поделена флаширана вода за пешаците, за возачи и нивните сопатници, при влез и излез од Република Северна Македонија. Во непосредна комуникација полициските службеници ги потсетуваа патниците дека топлото време и високите температури може да предизвикаат сериозни последици врз здравјето и да доведат до состојби како што се сончаница и топлотен удар и директно да влијаат врз безбедноста на сообраќајот.

Се планира ваквите превентивни активности да продолжат и во наредниот период.

Извор и фото: СВР Охрид

StrugaOnline

error: