Лев банер Десен банер

Реконструкција на улица во Езерски Лозја: Градежните работи стартуваат за десет дена

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, заедно со тимот на Општината, инженерскиот тим на проектната единица за реализација на проектот „Подобрување на локалната патна инфраструктура во избрани општини – дел 2“, како и претставници од Единицата за имплементација на проекти од Светска банка при Министерството за транспорт, одржаа работна средба и извршија теренска посета на локацијата каде што се планирани нови инфраструктурни активности.

Средбата се реализираше во рамки на проектот Western Balkans Trade and Transport Facilitation Project, а фокусот беше ставен на реконструкцијата на улица во населбата Езерски Лозја, на потегот од Автокампот „Ас“ до вливот на реката Сатеска.

Со проектот е предвидена целосна реконструкција на постојната сообраќајница, како и изградба на пешачка и велосипедска патека, со што значително ќе се подобрат безбедноста во сообраќајот и квалитетот на живот на жителите во овој дел од градот.

Целта на работната средба и теренската посета беше навремено идентификување на можните предизвици на терен, како и изнаоѓање соодветни технички решенија за непречено и квалитетно започнување на градежните работи.

Од Општина Струга информираат дека се очекува градежните активности да започнат во наредните десет дена.

Локалната самоуправа продолжува со реализација на конкретни проекти насочени кон унапредување на патната инфраструктура, со цел создавање побезбедна, пофункционална и поквалитетна урбана средина за сите граѓани.

StrugaOnline

error: