Рекорден број учесници на Базарот на ракотворби во рамки на овогодинешниот Спортски фестивал „Илинден“ во Струга
Базарот на ракотворби, кој е дел од програмата на Спортскиот фестивал „Илинден“ во Струга, оваа година ќе се одржи со рекорден број на пријавени изложувачи, носејќи богата понуда од уникатни рачно изработени производи, традиционални изработки и креативни дела.
Организаторите соопштија дека годинава интересот за учество е најголем досега, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат со работата на 16 локални креативци и занаетчии кои преку своите раце, идеи и посветеност создаваат автентични производи.
На базарот ќе се претстават: Ивана Балоска-Пармаковска (Purr), Десанка Ристовска („Макало од Десе“), Дијана Унуфрова (Dijana Handmade), Нермина Рустемоска (Nerki-lollipop), Елена Весова Колоска („Дарови од Природата“ и „Плетени приказни“), Весна Савеска Аврамоска (Vesna’s Handmade), Билјана Стојческа (Bibi Decor), Лилјана Наумоска (L & A Handmade), Пеце Клечкроски („Леска“), Марина Јоноска Стојаноски (Farina’s Handmade), Весна Попоска Лане („Рачни изработки“), Викторија Попоска (Iphigenia Crafts), Билјана Гули (guli.handcraft), Ивана Маркоска (ikchegreen), Јана Филипова (Art by JB) и Евдокија Тушевска Ѓелинческа („Креативниот свет на Евдокија“).
Посетителите ќе можат да најдат разновидни ракотворби – од традиционални и декоративни изработки, плетени производи и природна козметика, до уникатни креативни сувенири и рачно изработени подароци.
Базарот има за цел да ја промовира локалната креативност, да ги поддржи малите производители и да им овозможи на посетителите да купат оригинални производи создадени со многу труд, љубов и внимание.
Организаторите ги покануваат сите граѓани и гости на Струга да бидат дел од Спортскиот фестивал „Илинден“, да го посетат Базарот на ракотворби и да ја поддржат домашната креативна сцена преку избор на рачно изработени производи.
StrugaOnline

