Реновираната болница „Св. Еразмо“ во Охрид станува Центар за здравствeн туризам

- Локални
616

Реновирана и со нова опрема, по долги години, специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид прераснува во современ центар за физикална терапија како единствена болница во Југозападниот плански регион, а во делот на ортопедијата и трауматологијата на ниво на целата држава.

– Од денеска овој центар ќе почне да функционира со полн капацитет бидејќи со овој проект го реконструиравме постоечкиот базен за физикална терапија, направивме градежни зафати за енергетска ефикасност и посебна инфраструктура за загревање на базенот со обновливи извори на енергија, а го опремивме и центарот за физикална терапија со сите потребни помагала за корисниците/пациентите, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Според него една од најважните придобивки е зачувување на животната средина и заштедата на електрична енергија за 50 проценти за што беа поставени 46 соларни панели, а овој проект е доказ дека заедно со Швајцарската агенција за развој и соработка се грижиме за граѓаните преку инвестиција во здравството. Министерството за локална самоуправа преку Швајцарската агенција за развој и соработка обезбеди осум милиони денари за проектот во рамките на развојни цели на Југозападниот плански регион, дополни тој.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК

Извор и фото: ОхридПрес

Facebook Коментари