Станува збор за претставата „Метод” (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, на репертоарот на Народен Театар Охрид.
Премиерата од оваа претстава во охридскиот театар предизвика воодушевување и стоечки аплаузи од публиката, доколку ја пропуштивте премиерата, не смеете да ја пропуштите репризата која што е закажана за во петок (23-ти ноември) во 20.00 часот .
– Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на “големата слика” и го поставува прашањето колку голема е всушност “големата слика”? Преку интензивните трилер ситуации се игра со публиката и она што таа мисли дека го знае, исто како што дејствието си игра со ликовите и она што тие мислат дека го знаат. Така се создава еден модерен психолошки трилер со интензитет и темпо што ја вовлекува публиката толку активно да ги прати заплетите што и самата станува петтиот лик во оваа пиеса. – вели режисерката Ирена Стеријовска
Билетите се поцена од 200 денари, а во оваа претстава игра познатата актерска екипа составена од Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов.
Strugaonline
Facebook Коментари