Поради зголемениот интерес, Народен театар-Охрид најавува реприза на новата премиера „КРИК ЗА ЉУБОВ“ од Жозиен Баласко во режија Љупчо Ѓоргиевски. Претставата ќе се игра во сабота 19.06.2021 година со почеток 20:00 часот во големата сала при ,,Центар за култура ,,Григор Прличев“ во Охрид.

-„Крик за љубов“ е „комедија на карактери“ натопена во љубовна приказна со романтичен крај. Текстот обработува две доминантни теми – театарот и љубовта. Имено, двајца актери, поранешни сопружници, ангажирани се во претстава да играат ликови на исто така двајца поранешни сопружници. Накратко, тоа е претстава за она што се случува пред претставата, односно за време на процесот на припрема на една претстава, од распределбата на улогите, преку првата проба, до костимската проба и самата премиера. Имено, се врши едно прецизно скенирање на типичните ситуации и карактери вот еатарот, како штосе: актерите, режисерот, продуцентот и другиот помошен персонал во процесот нас оздавање на една претстава. Притоа се навлегува во суштината на феноменот наречен ТЕАТАР, т.е. колку театарот е живот, а колку, пак, животот е театар, постои ли граница помеѓу нив и како тие се испреплетуваат и преливаат еден во друг. На крај, се разбира, доаѓаме до чудотворното дејство на театарот врз реалниот живот. изјавил за Оhridnews режисерот Љупчо Ѓоргиевски .
Директор: Горан Симоноски
Л И Ц А:
ЖИЖИ ОРТЕГА: Адријана Билаловиќ Тодороска
ИГО МАРТИЕЛ: Никола Тодороски
ЛЕОН: Ивица Цонев
СИЛВЕСТЕР: Горан Стојаноски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Андреј Ѓоргиевски
Композитор: Марјан Неќак
Превод од бугарски: Љупчо Ѓоргиевски и Кристина Тодороска Петреска
Дизајн на плакат: Валентин Светозарев
Инспициент: Филип Ангеличин – Жура
Стручен соработник за култура: Зоран Левески
Светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизита: Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Сценски декоратери: Кире Ангелоски, Даниел Андрески,
Горан Георгиески, Ѓоко Китоски
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
Претставата ќе се игра со почитување на сите здравствени протоколи со ограничен број на публика.
Facebook Коментари