Реприза на претставата ,,Пинокио“ денеска во Струга

- Локални
292

Членовите на драмското студио ,,Миладин“  денеска ќе ја одиграат репризата на детската претства ,,Пинокио“ во режија и драматизација на Ристе Миладин, наменета за учениците од основните училишта во Струга.

Претставата, чија премиера во полна сала се одржа во неделата е инспирирана од познатата лектира ,,Пинокио“.

Приказната е за дрводелецот Џепето кој одлучува да направи дрвена марионета, кукла која ќе личи на вистинско момче. Со помош на самовилити, тоа дрвено момче се претвара во вистинско. Така настанува палавиот, непослушен Пинокио, кој, откако ќе избега од дома, доживува секакви незгоди, наивно паѓајќи во замки и едвај спасувајќи глава од секакви опасни ситуации. Сепак, на крајот Пинокио ќе покаже дека умее да биде и вреден, послушен, храбар, грижлив и приврзан.

Репризата се игра во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ со почеток во 12:oo часот.

Strugaonline

Facebook Коментари