Реприза на претставата „Волкот и седумте јариња“ во среда во Струга

- Локални
957

Во среда, 25ти април, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, драмското студио МИЛАДИН репризно ќе ја одигра детската претстава „Волкот и седумте јариња.“. Станува збор за сказна од Браќата Грим,  во режија и драматизација на Ристе Миладинов.

Во неа играат: Јована Беќароска, Евгенија Грданоска, Јованка Трпоска, Матеја Миладинова, Емилија Спасеска, Бранкица Петковска, Деспина Давинческа, Калина Јулоска, Марија Анѓелкоска, Марина Балоска, Сара Стефановиќ, Марија Чочороска, Ана Марија Мурџоска, Сара Ѓеоргиева и Даниел Спироски.

Билетите  се по симболична цена од 60 денари, а претставата ќе се игра во 12:00 часот.

Оваа година се одбележуваат 50 години театарска активност на Ристе Миладин, по тој повод, предвидени се  повеќе драмски активности.

Strugaonline

Facebook Коментари