Ресул Чолаку назначен за нов директор на Јавното Комунално Претпријатие Струга
Општина Струга ја информира јавноста дека, со одлука на Градоначалникот г. Менди Ќура, на чело на Јавното Комунално Претпријатие Струга е именуван г. Ресул Чолаку како вршител на должност директор.
Г. Чолаку е магистер по компјутерски науки, дипломиран на Универзитетот во Фрајбург, Швајцарија. Тој поседува значајно професионално искуство, вклучувајќи 3 години работа во приватна швајцарска банка, како и 10 години раководно искуство како сопственик и менаџер на приватна компанија.
Неговото именување има за цел зголемување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на јавните услуги, во согласност со највисоките стандарди на современо управување.
Општина Струга му посакува успех на г. Чолаку во извршувањето на новата должност и очекува неговата експертиза да придонесе кон позитивна трансформација на претпријатието.
StrugaOnline

