Рождество Христово – Божиќ
Денеска се празнува големиот христијански празник Рожденство Христово -Божиќ.

Меѓу народот постои поговорката „Пред Божиќ, зад Божиќ, кај и да си, дома да си“, што значи дека за празникот треба да се биде дома во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот. Овој празник е основата на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.
После вчерашната посна трпеза, со оглед на тоа дека денеска завршија Божиќните пости, во домовите се подготвува богата трпеза и се слави Христовото раѓање.
Денеска се иразуваат желби за здравје, среќа, љубов и берикет. Божиќ е празник на радоста и надежта.
StrugaOnline

