Изминатиов викенд, здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ Струга, со поддршка на Europe House Struga и Амбасадата на Р.Словачка, беше организатор на меѓугранично возење велосипед на планината Јабланица.
На настанот учествуваа претставниц од сите здруженија и поединци.
Велосипедистите тргнаа од Велешта, преку Бороец и Лакајца. Границата со специјална дозвола ја преминаа преку „зелен премин“ и возеја низ областа Голо Брдо во Албанија. Во Македонија влегоја кај граничен премин Џепиште и преку Луково се вратија назад.
Поводот за овој настан беше 30 јули -светскиот ден на пријателството.
StrugaOnline
Facebook Коментари