Рускиот филм „Белиот тигар” во понеделник ќе биде прикажан во Охрид

- Локални
1035

Во рамките на манифестацијата „Денови на рускиот филм“ организирана од страна на Амбасадата на Руската Федерација  во соработка со Кинотеката на Македонија, во Скопје ќе бидат прикажани повеќе руски филмови со воена тематика.

Но, годинава руски филм ќе се емитува и во Охрид Станува збор за „Белиот тигар” во режија на Карен Шахназаров.

Проекцијата на филмот е закажана за понеделник во амфитеатарот на Филмскиот институт во Универзитетот ” Св. Апостол Павле“ со почеток во 19:30 часот.

“Белиот тигар” е високобуџетен филм, со 11 милиони долари, а е снимен за три и пол години во продукција на “Мосфилм”. Главните улоги ги играат: Алексеј Вертков и Виталиј Кишченко.

извор: ОхридПрес  

Facebook Коментари