Самостојна изложба на ликовниот уметник Сашо Блажес во Струга
На 23.12.2017 во 18 часот во галеријата на спомен куќата на Ванѓел Коџоман во Струга ќе биде отворена самостојната изложба насловена како „Папата и новата кукла“ на ликовниот уметник Сашо Блажес.

„Користејќи примери од историјата на уметноста, поп (шунд) културата на едни поранешни времиња, како и свои пријатели (и себе си), Блажес не само што допира до иронизирање на интимните психолошки доживувања, туку завлегува и во доменот на социјалната антропологија преку критички однос кон “иконите“ на масовната уметност и култура. Неговите „наративи“ се одраз на лицето и опачината на еден специфичен естетски формализам, но и своевидна пост-поп артистичка носталгична референца на одредени трагови и симболи од минатото“. – вели Маја Чанкуловска-Михајловска за делата на Блажес


Strugaonline
