Во Музеј Др. Никола Незлобински- Струга за прв пат по повеќе од триесет години се врши обнова (модернизација ) на диорама до изложбениот простор. Новата диорама ќе биде почеток за обнова на сите диорами кои се наоѓаат во музејот . Модернизацијата ја врши самостојниот препаратор Васко Јолески .
Обновата подразбира поставување на реалистична позадина која има за цел да направи оптичка илузија , да долови длабина (трета димензија) , спој на постерот со реални , природни препарирани матерјали (флора и фауна) , соодветно осветлување внатре во самата витрина (до сега нема такво осветлување и поради тоа витрините се темни а експонатите тешко видливи) Дополнување на изложбата со нови експонати (водна змија “рибарка”, жаба и европски слатководен рак(краба)).
Музејот во Струга е најстариот природонаучен музеј во земјава, а збирката се смета за најбогата во поранешна Југославија.
Strugaonline
Facebook Коментари