Сашо Јанкоски: Општина Вевчани е подготвена да се справи со најавеното невреме

- Локални
927

Во врска со очекуваните обилни врнежи од дожд и евентуално невреме во периодот од 12.05.2019 година до 17.05.2019 година, со акцент на периодот помеѓу 12.05.2019 година и 13.05.2019 година, Градоначалникот на  Општина Вевчани, Г-дин Сашо Јанкоски, информира дека општината го стави во приправност комуналното претпријатие „ЈП Еремија – Вевчани”, сите институции кои се под капа на општината, како и Здравствениот дом и Др Светозар Чочоровски – Вевчани.

„Континурано ќе се следат состојбите на терен, со акцент на местата каде се јавуваат опаности од клизишта и поплавување. Се апелира до жителите на Вевчани да внимаваат каде ќе ги паркираат своите возила се со цел улиците да бидат проодни при интервенци.“ – додава Јанкоски

Strugaonline

Facebook Коментари