Од вчера започнаа нови реформи во МЈП “Проаква” – Струга. Новиот директор, г. Јетон Шакири донесе одлука да ги исклучи сите оние кои не ги платиле своите обврски кон претпријатието.
„Вчера 11, јуни, понеделник, МЈП Проаква-Струга ја започна својата дејност која дава ефект и е поздравена од граѓаните. Активноста е фокусирана на правни лица, а истата ќе продолжи и денеска за физичките лица. Акцијата на исклучување ќе продолжи и во наредните денови, се додека не се исклучат сите злоупотребувачи. Овој процес ќе се одвива транспарентно, а граѓаните ќе добијат информации за сите остварени случувања. Им благодариме на сите оние кои соработуваа во овој процес. Акцијата продолжува.“ – стои во соопштението на Општина Струга .
Извор и фото: Општина Струга
Strugaonline
Facebook Коментари