Се одржа 13-тата Ѓурѓовденска литија во Струга

- Локални
1292

Денеска во Струга, во свечена атмосфера   се одржи традиционалната Ѓурѓовденска литија.

 Во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј  со почеток во 16:00 часот,беше отслужена празнична вечерна богослужба, на која  чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

После завршувањето на вечерната и панихидата, од 17:00 часот следеше свечената Еордија (литија) со светите мошти на Великомаченикот и неговата чудотворна икона. Чесните мошти беа изложени во храмот за поклонение пред да започне вечерната боголужба сѐ до започнувањето на Еордијата.

На крај на Струшката Еордија во дворот на  храмот „Св. Георгиј “  се одржа културно-уметнички настан со настап  на ансамблот „Македонија“.

Facebook Коментари