Се одржа седмиот ,,Моден ден“ , Струга пулсираше во духот на модата и танцот

- Локални
1661

Викендов во Струга се одржа седмото издание на манифестацијата ,,Моден ден“.

И оваа година стружани имаа можност да присуствуваат на гламурозен настан на кој беше направена креативна и несекојдневна комбинација на мода и танц.

,,Имавме уште едно прекрасно издание на ,,Моден ден“ врвно организирано како што ни доликува. На присутните им претставивме тренд-гардероба за овој новогодишен период , но и свечени фустани за разни пригоди, сето тоа во соработка со познати бутици во Струга и Охрид. На овогодинешното издание на ,,Моден ден“ не изостана ниту танцот, настапија сите групи од Балетското студио ,,БАХ’ вклучувајќи ја и најмладата група каде членуваат дечиња од пет години. Воодушевена сум од нивниот настап, ми докажаа дека Студиото за танц ,,БАХ“ има уште една група од која ќе се развиваат одлични танчери.“ – изјави за Strugaonline Тања Бах, организатор на манифестацијата ,,Моден ден“ и кореограф и идеен творец на Студио за танц ,,БАХ“.

Поради состојбата со пандемијата, бројот на публика беше ограничен, но, за сите оние кои сакаа, а немаа можност да присуствуваат на настанот, благодарение на Digital box и Кики Муки, видео од настанот и фотографии ќе има до крајот на оваа работна недела.

Фотографиите кои сега имате можност да ги видите се од  backstage, а наскоро ќе ви ја доловиме и атмосферата на сцена.

Strugaonline

Facebook Коментари