Шест лица се повредени во сообраќајка кај струшко Миследожда

- Локални
516

На 28-ми април 2022 година, во 15:15 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Р-2243 кај село Миследожда, струшко, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени шест лица.

 – Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Фолксваген Венто“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 46-годишниот Д.П. од Струга и товарно моторно возило „Рено канго“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот А.Р. од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Д.П., 51-годишниот Н.Ш., сопатник во возилото „Венто“ и Л.М., сопатник во товарното возило, додека со телесни повреди се здобил возачот А.Р. и сопатниците од возилото „Венто“, М.Ш.(36) и А.П.(44), констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга, информираат од МВР.

Facebook Коментари