Шумски пожар кај Елен Камен, гори дабова и ниско стеблеста шума

- Локални
618

Шумски пожар во непосредна близина на туристичката населба Елен Камен во близина на с.Радожда.

-Се интервенира со 2 противпожарни возила и 6 пожарникари и тројца вработени во ШС Јабланица-Струга. Гори дабова и ниско стеблеста шума. Проблем во гасењето на пожарот прави и ветерот кој дува преку целиот ден. Моментално нема опасност од загрозеност на објекти но поради ветерот екипа на ТППЕ-Струга постојано ќе го контролира опожарениот простор во текот на ноќта – информираа од Центарот за управување со кризи

Facebook Коментари