Лев банер Десен банер

Синоќа извршен е нов вандалски чин врз Параклисот Св.Петка во с. Подгорци

Синоќа во вечерните часови е извршен нов вандалски чин врз Параклисот Св. Петка која се наоѓа во с. Подгорци, Струга, засега непознати сторители со камења го оштетиле верскиот објект и неговата околина.

При каменувањето е урнато местото наменето за палење свеќи, а искршен е и делот каде што е поставена иконата на Св.Петка, а целта на каменувањето била и насликаната икона на Св.Петка која е оштетена од ударите. Со овој чин е предизвикана материјална штета, но и длабока вознемиреност кај верниците и жителите кои го посетуваат и одржуваат параклисот.

Особено загрижува фактот што ова не е првпат Параклисот Св. Петка да биде цел на вандализам. И во минатото биле регистрирани слични оштетувања, поради што граѓаните бараат од надлежните институции да преземат поефикасни мерки за заштита на верскиот објект и откривање на сторителите.

Жителите го осудуваат овој чин како напад врз верските чувства и духовното наследство на заедницата, апелирајќи за почитување на светите места и за одговорност на лицата кои стојат зад овој настан.

Случајот е пријавен до надлежните органи, од кои се очекува целосно расветлување на настанот и преземање на законски мерки против сторителите.

StrugaOnline

error: