Синоќа нов земјотрес во регионот на Охрид

- Локални
447

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа, 7-ми јули 2024 година, во 22:52 часот, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 120 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2.

– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, како и во пограничните делови со територијата на Република Албанија, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Facebook Коментари