Скопјанец тешко повреден откако возило удрило во него на пешачки премин во Охрид

- Локални
499
На 16.08.2020 година во 09.20 часот, во близина на трговски центар на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода во која со тешки телесни повреди се здобил В.Џ. (71) од Скопје, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Тој, на пешачки премин бил удрен од патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(23) од Скопје. Против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари