Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправна градба“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 36-годишната С.М. од Скопје и против правното лице ДООЕЛ „Блуинвест“ со седиште во Струга.
– Пријавената, во текот на минатата година, во својство на управител на правниот субјект и инвеститор, на локација во струшката населба „Езерски Лозја“ започнала со изградба на објект за домување. Тоа го направила иако претходно немала обезбедено одобрение за градење од надлежен орган и спротивно на законот за градба. Од извршен инспекциски надзор од страна на градежен инспектор при Општина Струга, констатирано е дека објектот се гради без одобрение и неовластено, по што составен е записник и донесено е решение за отстранување на градбата, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари