Лев банер Десен банер

Следуваат обилни дождови, фармерите да реземат превентивни мерки за обезбедување на посевите

После најавaта на УХМР за обилни врнежи од дожд кои ќе траат до крајот на оваа работна недела односно од 12-ти до 17-ти мај, Општина Струга објави предупредување во кое се вели дека временските услови можат да предизвикаат проблеми со пролетните култури, тутунските култури и другите земјоделски активности. Исто така, условите ќе бидат тешки и за пчелари.
„Се молат сите фармери да се грижат и да преземат превентивни мерки за обезбедување на посевите, пластениците и други конструкции.Се препорачува да се исчистат каналите за вода за да се овозможи брза и полесно повлекување на водата од обработливо земјиште.“ – стои во предупредувањето.

Strugaonline

error: