Слика од Струга во пресрет на туристичката сезона – дали сме граѓани со еколошка свест?

Овие фотографии сликани денеска на улица ЈНА во Струга кои ја покажуваат состојбата на градот во пресрет на новата туристичка сезона пристигнаа во редакцијата на Strugaonline како реакција на загрижен и револтиран граѓанин.

„Целиот град е со дупки и ѓубре, освен строгиот центарот на градот. Ова е целосна негрижа за градот и туризамот, резултат на неспособна т.е незаинтересирана општинска власт, игнорантски однос кон туристите кои се одвратуваат од летување во Струга.„ – вели загрижен граѓанин на нашиот град.
Останува да видиме колкав ќе биде бројот на туристи кои оваа година ќе ја одберат Струга за своја дестинација за летување. Отворено останува и прашањето колку знаеме како граѓани да ја цениме убавината која ни ја дала природата и колку е разбудена нашата еколошка свест.
Strugaonline

