Лев банер Десен банер

Сликовница „Жолти чорапи“ од вевчанката Билјана Лотеска

Неодамна излезе од печат првата сликовница наменета за деца со наслов „Жолти чорапи“ од Вевчанката Билјана Лотеска. Издавач на сликовницата е реномираната издавачка куќа „Арсламина-публикации-Либи“ од Скопје, уредник на изданието е истакнатата македонска писателка и критичарка Оливера Ќорвезироска, а илустрациите се на Катерина Трајановска.

Според авторката Билјана Лотеска, ова е нејзина прва книга што има цел да го збогати светот на децата преку доживувањата на јунаците од шумата Зелен рај. Тоа се бувот Бувко, мечката Меца, верверичката Верка, волкот Волчко, лисицата Лиска, ежот Ешко и зајакот Зајко Брзоноговски.

Билјана Лотеска е дипломиран психолог и дипломиран воспитач за предучилишно образование и триесетина години е вработена во ЈУДГ„Детска радост“- Скопје како воспитувачка, а исто така е претседателка на здружението Академија за современи едукации „Про сциентиа“ -Скопје. Авторка е на литературни творби за деца што се објавуваат во детски списанија.

Во 2012 година е прогласена за просветен работник на Општина Гази Баба, за унапредување на воспитно-образовната работа, во 2019 година за просветен работник на Град Скопје, за унапредување на воспитно-образовната работа, и во 2021 година е прогласена за просветен работник на Р. Македонија, награда за унапредување на воспитно-образовната работа.

Лотеска добила награда и на конкурсот на Фондот на холокаусот, на тема „Раскажувам фотографија“, а нејзината песна „Дванаесет браќа“ е објавена во зборникот „Сонувалка“.

Текст и фото: СОЈАН КУКУНЕШОСКИ

StrugaOnline

error: