Со бесплатни прегледи и совети утре во Охрид ќе се одбележи Светскиот ден на хипертензијата

- Локални
372

ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања-Охрид  и оваа година се приклуччва во одбележувањето на Светскиот ден на хипертензијата.  Во рамки на настанот што Крка – Фарма ДООЕЛ го спроведува со специјализирана охридска болница, утре во период од 12:00 до 15:00 часот ќе се прават бесплатни прегледи на граѓаните на Општина Охрид.

-На два означени пунктови со банери од Крка Фарма Скопје, поставени по Кејот на Охридското Езероќе се мери крвен притисок и ќе се делат совети и информативни материјали од страна на докторите од нашата институција и присутните претставници  од Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје.-информираат од болницата.

Додаваат дека оваа година се потенцира значењето на физичката активност во превенцијата од кардиоваскуларен и мозочен удар, со потикнување на граѓаните на физичка активност и придржување кон препораките за превенција или терапијата доколку се веќе дијагностицирани.

Хипертензијата ( покачен крвен притисок) согласно податоците на Светската здравствена организација, е одговорна за 7.6 милиони смртни случаи годишно на светско ниво (13.5% од вкупниот број смртни случаи),повеќе од било кој друг ризик фактор.  Околу 54% мозочни удари  и 47% од коронарната артерриска болест  се предизвикани од покачен крвен притисок.

Strugaonline

Facebook Коментари