Со дефиле низ струшките улици, ТППЕ Струга ќе го одбележи Денот на пожарникарите

- Локални
471

По повод 20-ти мај, Денот на пожарникарите, ТППЕ Струга во 10:30 часот ќе дефилира низ струшките улици со три возила, со звучна и светлосна сигнализација.

,,Територијалната противпожарна единица од Струга денеска достојно ќе го одбележи денот на пожарникарите. Освен дефилето што ќе се одржи денеска низ струшките улици, во наредниот период ќе одржиме и вежба за евакуација на луѓе во случај на пожар“-изјави за Strugaonline, Фети Мазари, командир во ТППЕ Струга.

Toj додаде дека струшката пожарна  располага со доволен број пожарникари и соодветна опрема, а во исчекување се да добијат две нови возила за шумски пожари, како и тековна заштитна опрема.

ТППЕ Струга моментално располага со пет противпожарни возила и триесет и седум пожарникари.

По повод денешниот 20-ти мај, градоначалникот на Струга, Рамис Мерко изрази благодарност и почит за континуираната работата и посветеноста на пожарникарите, кои, како што вели,  честопати ги стават своите животи во опасност за безбедноста на граѓаните.

Strugaonline

Facebook Коментари