По повод 20-ти мај, Денот на пожарникарите, ТППЕ Струга во 09:45 часот ќе дефилира низ струшките улици со четири возила, со звучна и светлосна сигнализација.
-Територијалната противпожарна единица од Струга денеска достојно ќе го одбележи денот на пожарникарите. Освен дефилето што ќе се одржи денеска низ струшките улици, во ООУ „Јосип Броз Тито“ по повод 20 Мај – денот на пожарникарите во 10 часот ќе се одржи симулација на пожар во кој ќе учествуваат ТППЕ Струга, Брза помош, Црвен Крст и МВР ПС – ОН, се известуваат граѓаните на Општина Струга дека заради успешно изведување на симулацијата ќе бидат употребени СИРЕНИ за кои посочуваат дека не треба да се крева паника, изјави за Strugaonline, Фети Мазари, командир во ТППЕ Струга.
StrugaOnline
Facebook Коментари