Четири филмови во изминатите два дена беа прикажани во рамки на петтото издание на „Фестивал на тркала“.
Во киното при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, гостувањето на овој фестивал во Струга, завршува денеска со проекција на филмот Голијат со почеток во 19:00 часот.
„Голијат“ е швајцарска драма со времетраење од 85 минути. Во главната улога е Свен Шелкер, познат по улогата во „Кругот“, швајцарски кандидат за „Оскар“ во 2015, филм за кој ја доби и Швајцарската филмска награда за најдобар актер истата година. Играат и Јасна Фрици Бауер, Адриан Фурер, Хозе Барос.
Љубовта на Давид и Џеси е ставена на тест кога Џеси ненамерно останува бремена. Помислата дека Давид ќе стане татко му предизвикува паника. Кога тие ќе бидат нападнати во возот, Давид не може да ја заштити својата девојка, со што му се потврдува неговиот страв дека тој не е прав маж за да се грижи за нив. Во очај, Давид почнува да зема стероиди поради што станува агресивен, станува закана за неговата девојка и за нероденото дете.
Претходно, во рамките на овој фестивал беа прикажани проекции на филмовите Принцот на криминалот, Планинско чудо: неочекувано пријателство, Темна судбина и Хитлеров Холивуд . Фестивалот го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје.
Strugaonline
Facebook Коментари