Со „Форма Вита“ преку физичка активност до промена на секојдневието на децата од „Порака Нова“

- Локални
1148

Веќе трета година како трае соработката помеѓу Спортскиот центар Форма Вита од Струга со центарот за лица со попреченост  „Порака нова“ од Струга.

На иницијатива на Мими Стојаноска од Форма Вита успешно се реализира идејата преку физичка активност да се смени дел од секојдневието на децата со пречки во развојот. Од „Порака Нова“ со големо задоволство е прифатена оваа идеја.

Како сортска активност беше вклучено посета на децата од Порака Нова во спортски центар Форма Вита, два до три пати во месецот,  а во убавите сончеви денови одржување на спортски активности на отворено.

Преку разни вежби и активности кои се посебно прилагодени за овие деца успеваме секој ден да развиеме нови реакции на децата и да откриеме нови научени вештини кои предходно не можеле да ги совладаат.

Целта на оваа идеја е пред се да внесеме нови насмевки на децата. Да покажеме дека се еднаков дел на нашето општество и со малку помош и упорност можат да направат работи што секој човек ги прави.  Затоа што сметаме дека радоста и насмевката што ја пренесуваме е многу важен дел не само за оние што ја даваат туку и за оние што ја гледаат и примаат.

Да бидеш радосен и насмеан  е една од најубавите работи кои што може да му ги подариш на светот и на луѓето околу себе. Токму успехот во нашата соработка и спортот го гледам не како сожалување туку напротив како  зедничка мисија каде што токму овие деца нивната насмевка и радост свесно или несвесно ни ја подаруваат на сите нас наоколу –вели Мими Стојаноска

Во иднина се планирани уште многу заеднички дружења со голема желба дека овој пример ќе биде нова позитивна енергија за сите.

Strugaonline

Facebook Коментари