Големиот концерт на групата „Синтезис“ со кој Охридско лето ќе го прослави својот 58-ми роденден ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“. Првично, роденденскиот концерт требаше да се одржи на Антички театар, но локацијата е променета поради можноста за врнежи од дожд.
Првиот концерт на фестивалот „Охридско лето“ е одржан на 4-ти август 1961 година, со настапот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ. „Охридско лето“ веќе 58 години се развива по нагорна линија, прераснувајќи во манифестација која претставува пример како треба да се негува и одржува еден фестивал.
Концертот на „Синтезис“ ќе се одржи во стандарниот фестивалски термин од 21:00 часот.
Facebook Коментари