Учениците од Vб одделение заедно со нивната наставничка Татјана Кувенџиеска учествуваа во активност “Секоe срце е приказна“ чиј наслов носи длабока симболика и емотивна тежина за луѓето со ретки болести. Учениците научија дека луѓето со ретки болести се храбри борци, кои секој ден се соочуваат со предизвици. Но, нивната сила и храброст нам ни’ покажуваат колку е важно да бидеме сплотени и заедно. Со љубов, поддршка и разбирање можеме да создадеме свет во кој секој е прифатен, ценет и почитуван. Учениците испратија порака дека ќе бидат гласот на оние кои ретко се слушаат, а нивното дрво(направено со шарени ленти и срциња со пораки) секогаш ќе биде полно со љубов и поддршка за сите нив.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Наставничката Снежана Стамеска заедно со учениците од Va подготвија работилница под мотото “Show your stripes” во која преку интересни активности се запознаа со ретките болести и како да дадат поддршка и разбирање на другарче со ретка болест.
Во тој знак, во различни бои го обоија симболот на ретките болести, зебрата.

Наставничките Гордана Цветаноска и Билјана Наумоска во подрачното училиште во с.Мислешево подготвија интересни активности со цел запознаваье на учениците со ретките болести. Учениците од четврто и петто одделение активно се вклучија во зададените задачи и успешно го одбележаа месецот на ретките болести

По повод месецот на ретки болести, дел од учениците од VIII одделение во соработка со наставничките Езерка Жупан и Климентина Нацева разговараа со стручни медицински лица за подобро да ги запознаат ретките болести.
Заклучоците од интервјуата, учениците ги презентираа пред останатите ученици и изработија проект „Остави свој отпечаток“ со кој ја искажаа поддршката за лицата со ретки болести.

Наставникот Крсте Скрчески заедно со учениците од IV одделение од подрачното училиште во с.Радожда учествуваа во работилница „Подај рака на децата со ретки болести“.
Учениците се запознаа со ретките болести и ги обоија рацете во знак на поддршка за лицата со ретки болести.

Наставниците Јована Ѓореска Танеска, Благојче Спасески и Емилија Лазороски во подрачното училиште во с.Враништа подготвија интересни активности со цел запознавање на учениците со ретките болести. Учениците од петто и осмо одделение активно се вклучија во зададените задачи и успешно го одбележаа месецот на ретките болести.
Од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга најавуваат дека и оваа недела ќе продолжат со активности за одбележување на месецот на ретките болести.
StrugaOnline
Facebook Коментари