Со нож прободен началникот на струшката полиција, напаѓачот е уапсен

- Локални
1218

На 28.07.2023 околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што на истиот датум, 28.07, околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга.

А.Д. е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди. Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, за МИА потврдил дека повреденото лице  е началникот на полициската станица во Струга.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари