Со претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, Народен театар Охрид е започнува новата сезона, претставата ќе биде изведена во сабота 18.02.2023 година, со почеток во 20.00 часот.
Во претставата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.
Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.
Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.
Картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
Facebook Коментари